Еуфорија, полна сала, редица за автограми на концертот на „Буч Кесиди“ во Скопје (ФОТО)

Полна сала, врисоци, редица за влез, еуфорија, редица за автограми – ова е дел од атмосферата на концертот на српското дуо „Буч Кесиди“ кое настапи завчеравечер во Младинскиот културен центар. Создадени во Панчево, созреани на белградската сцена, Лука Рациќ и Зоран Зарубица беа вистински ѕвезди за младите, за нивните обожавали. Нивниот настап беше во рамките на офф-програмата на „Таксират“ во организација на „Пасворд продакшн“.

Концертот беше целосно распродаден, млада енергија владееше, а радува фактот дека во Скопје се издвојува публика што го препознава квалитетниот музички пулс од регионот и почнува да се гради како нова креативна сила, како спротивтставување на агресивниот шунд.

Ви споделуваме фотогалерија доловена од објективот на фоторепортерот Тоше Огњанов.

 

Сподели