Етнолошко-документарниот филм „Хембој“ од етнологот Елизабета Конеска, во продукција на Музејот на Македонија ќе биде прикажан во Љубљана на реномираниот фестивал Денови на етнографскиот филм (ДЕФ) од што ќе се одржи од 27 февруари до 1 март. Филмот е селектиран меѓу 15 дела во финалната програма, од пристигнати 150 апликации, соопштија од Музејот.
„Хембој“ премиерно беше прикажан во рамките на 15. Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“. Македонската публика имаше можност да го гледа и во Кинотеката на Македонија на јубилејниот 10. Меѓународен фестивал на етнографски филм – ЕТНОФФ каде се прикажуваат филмови претставувајќи култури и приказни од целиот свет.
Филмот е снимен во Старата скопска чаршија и ги прикажува трите генерации од семејството Незири кои го работат бојаџискиот занает. Ова е филм за наследството на занаетите и традициите во мултиетничко Скопје.





