ЕтноАнтропоЗум“, меѓународноto спосание на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје од неодамна е индексирано во значајната дата база, Erih Plus – европски индекс на академски списанија од областа на хуманистичките и општествените науки.

– Со тоа се овозможува поголема видливост на нашите и на истражувањата на нашите соработници, како и вмрежување со колеги од светот – велат од Институтот.

Во списанието се објавуваат трудови од областа на етнологијата, социокултурната антропологија, лингвистичката антропологија, теориската антропологија и другите сродни научни дисциплини. Текстовите во списанието се рецензирани од најмалку двајца рецензенти од земјава или од странство. Уредник на списанието е проф. д-р Љупчо С. Ристески, а електронската верзија е достапна ТУКА.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.