Со верзија на мегапопуларната игра Зборле, Институтот за етнологија и антропологија го одбележува 17 Февруари, Меѓународниот ден на антропологијата. Етно Зборле ќе трае седум дена, а достапна е на https://oku.mk/. Правилата се исти како на Зборле, но ќе треба да погаѓате термини поврзани со етнологијата.
– Правилата се исти како и за оригиналната игра, но со етно „твист“. Погодете го Етно Зборле во 6 обиди. Секој обид мора да биде валиден збор (во случајов архаизам, дијалектен израз, термин поврзан со обичаи и верувања) од 5 букви. Притиснете го копчето ENTER да направите обид. По секој обид, бојата на квадратите ќе се менува да ви покаже колку вашиот обид е блиску до бараниот збор. Портокалово означува дека буквата постои, но не е на точното место. Зелено значи точна буква на точно место – објаснуваат од Институтот.
Ова е верзија на популарната зборовна сложувалка Wordle, односно македонската верзија Зборле, но со архаични или поими кои асоцираат на митологија, обичаи и верувања. Во подготовката и организиацијата учествуваа Сезгин Ибрахим и Еда Старова Тахир. Бидејќи зборот на денот е ист за сите играчи, од Институтот препорачуваат да нема „мамење“. Откако ќе го решите само споделете ја сликичката со бројот на обиди. И не го откривајте зборот.
ИЛИНА ЈАКИМОВСКА: НЕОПХОДНИ СЕ СТИПЕНДИИ ЗА СТУДИРАЊЕ ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛГИЈА