Сојузот на математичари на Македонија и годинава ќе ја организира Есенската математичка школа 2023 наменета за ученици од основци од 4 до 9 одделение и за средношколци од 1 до 4 година. Предавањата ќе се одржат во саботите во текот на октомври и ноември на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Предавачи се универзитетски професори по математика и истакнати наставници по математика во основно и средно образование.
Ова ќе биде петто издание на есенската математичка школа. Повеќе информации за претходните есенски математички школи може да најдете на ЛИНКОТ.
Фото: Архива на СММ