Книгата со раскази и колумни „Емотивен талог“ на Ана Јовковска ќе биде промовирана на 28 април (четврток) во 19 часот во Клуб-ресторанот на Младинскиот културен центар. Издавачката куќа ТРИ ја најавува промоцијата како необична, зашто е замислена како синтеза од разговор, музика и дружење.

Промоторки на новата книга на Јовковска ќе бидат проф. д-р Ана Мартиноска и проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.