Со својот труд и излагање на тема ,,Професионалниот развој на библиотечните кадри“, докторандот Елена Станкоска, виш библиотекар од Охрид учестуваше на научната меѓународна конференција на библиотекари „Библиотеки за подобро утро“ (Библиотеке за боље сутра), што се одржа во Мостар, Босна и Херцеговина. На конференцијата учествуваа библиотекари и од: Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Црна Гора и од Хрватска.

– Организацијата на оваа конференција беше на исклучително високо професионално ниво. Во оваа прилика учесниците имаа можност да разменат искуства и идеи за развој на библиотекарството. Од излагањето, присутните имаа можност да се запознаат со состојбата на библиотекарството во Македонија и чекорите кои се преземаат за развој на оваа професија – вели Станкоска.

Таа често учествува на стручни и научни конференции со свои излагања. Едно такво учество е и тоа во Приједор, Република Српска, каде за прв пат, на 24. меѓународна конференција, „Библиотеки за одржлива иднина“, придонесувајќи кон видливоста на македонското библиотекарство во пошироката библиотекарска заедница.
Станкоска е автор на повеќе од 20 стручни и научни трудови на повеќе јазици. Соработува со познати светски научни списанија со фактор на влијание од Германија, Австрија и други.
Станкоска е избрана за член во Комисија за Климентова повелба за животно дело која ја доделува Библиотекарското здружение на Македонија, а претставува најважна и најголема награда за особени резултати од пошироко значење за развојот и афирмацијата на библиотечната дејност во Македонија.





