Најмногу ме освои кореографијата – прекрасни, долги заплетени конструкции во духот на добрите стари обрасци и модерните неокласики на Нуреев, создадени со музикалност и највисок вкус. Наклон за кореграфката Олга Панго! – пишува во критиката на artvarna.net
Една многу убава балетска приказна се случи во Летниот театар во Варна – балетот „Рајмонда“ по музика на Глазунов и либретото на Мариус Петипа, во продукција на Државната опера Варна и Националната опера и балет од Скопје. Рудолф Нуреев ја нарекол оваа постановка „балет заради самиот балет“. Станува збор за балетот во кореографија на Олга Панго, а режија на Дејан Прошев, чија премиера се случи на 7 август во Варна. Критичарката на artvarna.net со пофални зборови пишува за „прекрасната балерина Марија Кичевска“.
– Нејзината елеганција и техника ја издигаат во светски височини. И Никола Хаџитанев, солист на Софиската Опера и балет, кој само со својата појава покажува аристократизам и финеси. Љубовниот триаголник се дополнува со харизмата и егзотиката на Павел Кирчев – варненски солист, којшто владее со магијата пред публиката. Оставивме да бидеме изненадени и бевме изненадени од првата минута до крајот! Само со својата појава маестра Бисера Чадловска покажа дрскост и блесок со својот смел стил. Таа не само што беше во постојаната топла врска со балетаните, но беше спремна да ја реши сложената задача и да диригира со оркестарот. Умно, логично, убаво режисерско решение на Дејан Прошев ја одведе приказната кон светот на желбите и љубовта, каде ништо не е решено до самиот крај – пишува во критиката.
Најмногу ме освои кореографијата – прекрасни, долги заплетени конструкции во духот на добрите стари обрасци и модерните неокласики на Нуреев, создадени со музикалност и највисок вкус. Наклон за кореграфката Олга Панго! – стои во текстот.
Од секое движење се гледа мајсторствто и на најсоодветните движења да им стави свој авторски белег, исклучително висока култура во однос на епохата, традициите и стилот. Прекрасни варијации, динамика на сижето, спектакуларни масовни сцени. Свеж здив, вкус, идеи од екипата од С.Македонија дејствуваат енергично на варненските уметници.
– Убаво е кога една творечка екипа ќе внесе идеи, освежување кон нови хоризонти на своите колеги. Прекрасна работа и за уметниците и скромните трудољубиви мајстори од ателјетата за костими и реквизити, без кои приказната не може да ја биде. Аплаузи за твречката соработка која покажува дека меѓу луѓето, музичарите и уметниците не постојат граници. Нема конфлики, нема непријателство, а напротив – се случува творечко чудо – завршува критиката.





