ЕХО фестивалот на планински филм гостува во Штип

Во Домот на млади во Штип вечерва во 19 часот ќе се одржи проекција на неколку филма од ЕХО фестивалот на планински филм. Проекциите ќе се одвиваат во два блока. Првиот почнува со претставување на новата книга „Пат“ на Нејц Заплотник. Следува презентација на Спортско качувачкиот клуб „Астибо„: Олимписка тренинг програма – Матеј Марков, презентација на МТБ Штип: „Планинскиот велосипедизам во штипско, визија и активности на здружението“ и „Во замрзнувач: Диретисимата Вокер“, Јаник Боисено од Франција.

Вториот блок почнува во 20.30 часпт со „Одмор на Бафин“, на Сара Мекнер-Лендри/Ерик Бумер од Канада. Следуваат прокециите на американскиот „Момците на мостот“ од Ник Розен/Питер Мортимер, „Поврзување на летови“ од Николас Бриксл од Германија и „Едланже – слобода на врвот на прстите“ на Нилс Мартин од Франција.

Влезот на проекциите е бесплатен. Гостувањето е во соработка со Aлпинистичкиот клуб „Астрајон“, Спортско качувачкиот клуб „Астибо“ и здружението МТБ од Штип.

Сподели