„Ефектива“ освои награда за најдобра конференција „Чувари на мудроста“ на БЕАМ фестивалот

Маркетинг агенцијата Ефектива освои награда за најдобра конференција за „Чувари на мудроста“ во категоријата најдобар самит, конгрес или конференција на вчерашниот БЕАМ фестивал. Од „Ефектива“ велат дека секоја награда е вредна, но оваа награда нив им е особено драга бидејќи доаѓа од луѓе од фелата, луѓе кои секој ден го живеат она што значи успешна и професионална организација на настан.

– Во име на целиот тим кој работеше на конференцијата „Чувари на мудроста“ ќе споделам една мудрост од мојот драг професор: „Важно е кој ги создава проектите, но уште поважно е кој ги одобрува“. Оваа награда ја посветуваме токму на нив, на тимот од „Халкбанк“, кои веруваат во нас и во нашата храброст и лудост. Секој успех започнува со доверба и тимска работа. Ние, за наша среќа, ги имаме најхрабрите соработници – рече Софија Семенпеева-Трајановска, директор на Ефектива.

„Чувари на мудроста“ е дел од нивната посветеност кон работа на проекти кои ги рефлектираат нивните вредности и цели. Токму затоа, наградата тие ја посветуваат и на сите оние на кои беше посветена оваа конференција, на нашите чувари на мудроста, луѓето кои не израснаа во она што сме денеска. Настанот се одржа вчера во хотелот „Мериот“ во Скопје, каде на едно место беа собрани професионалци од различна област. Во истата категорија беа номинирани уште два настана.

Сподели