Претставата „Едвард Раце ножици“ на Театарот за деца и младинци од Скопје ќе гостува на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ вечерва во 18 часот на сцената театарот. Претставата е работена според сценариото на Тим Бартон и Каролајн Томпсон, во режија на Нела Витошевиќ.

Улогите ги толкуваат: Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Ненад Митевски, Емра Куртишова и други.

Сцена од „Сестрите Прозорови“ (фото: Охридско лето)

Во фестивалскиот термин од 21 часот на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе гостува Велешкиот театар со „Сестрите Прозорови“, работена според мотиви од „Три сестри“ од Чехов.

Режијата е на Васил Зафирчев, а играат: Кети Борисовска, Маја Љутков, Славица Манаскова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски.

Факултетот за драмски уметности од Скопје во 23 часот во театарот ќе гостува со претставата „Мурлин Мурло“. Станува збор за дипломска претстава на студентите на отсекот Драмски актери во класата на ред. проф. д-р Сузана Киранџиска и вон. проф. м-р Кристина Леловац.

Насловна фотографија: Кире Галевски

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.