Промоција на едукативната сликовница „Македонките во битка – вистински приказни“ од Ана Вишинова, музејски едукатор и Даниела Митевска, кустос, ќе биде промовирана денеска во 12 часот во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје. Сликовницата е посветена е на македонските жени – ајдутки, комитки и партизанки, жени кои никогаш не биле пасивни набљудувачи на историјата, туку активни учесници во борбата за човекови права и слобода.
– Во фокусот на сликовницата е улогата и значењето на жените, која не се сведува само на убавина, истрајност, пркос и храброст, туку и на нивната способност да се вклучат во борбата и да влијаат врз клучните цивилизациски процеси – велат од Музејот.
Изданието е инклузивно четиво на македонски и англиски јазик наменето за збогатување на дополнителните материјали за наставата по историја, и е продолжение на претходните изданија „Зад големата мисла“ (2019) посветена на создавањето на МРО и „Пламен и непокор“ (2022), посветена на Илинденското востание.





