Една голема битка извојувана за 14-годишната Луна

Луна Поп-Костова, девојчето што боледуваше од сколиоза успешно ги помина двете операции во „Аџибадем” во Истанбул, Турција и сега може да седи исправено. Пред само неколку дена таа се врати од Истанбул, заедно со своето семејство. За шест месеци ја чека нова операција на нозете и конечно би стапнала на земја.

– Ова е дефинитивно најдобриот новогодишен подарок – да знаеш дека детето ќе си го донесеш дома живо и здраво и да знаеш дека ќе живее. За шест месеци не’ чека уште една операција на нозете и тогаш Луна ќе може да стапне на земјата и да оди како секое дете. Јас не застаувам, продолжувам да се борам. Благодарам на сите што помогнавте – вели Елена Поп-Костова.

Операцијата ја изврши проф. д-р Ахмет Аланај. За сето тоа потребни беа големи финансиски средства кое нејзиното семејство неможеше да ги обезбеди само, па се вклучи гевгелиската јавност, граѓаните, фирмите, локалната самоуправа и деца кои осмислија акција за продавање на крофни, слатки, домашни изработки од чија продажба средствата одеа за наменската сметка за лекување на Луна.

Луна ја направи првата операџија во октомври годинава благодарение на собраните средства од хуманите луѓе, таа замина во Турција, во болницата „Аџибадем“. Во декември и’ беше направена втората операција со која ја отстрани заканата од сколиозата.

За потребите на новата операција, за лекувањето на Луна ќе се потребни дополнителни средства, што нејзината мајка не може да ги обезбеди самата. Вашата помош е повеќе од неопходна.

 

Сподели