Пред една година во онлајн-медиумскиот простор во Македонија го лансиравме Умно.мк, водени од идејата дека уметноста, науката и образованието треба да бидат темели на едно здраво, демократско општество. Симболично го избравме роденденот на Леонардо да Винчи, уметник, научник, учител. Наместо прекумерен број на информации, одлучивме да пласираме избрани, проверени, квалитетни содржини од сите овие области, верувајќи дека само така може да се бориме против најголемата опасност во интернет-просторот денес – ширењето дезинформации.

Веруваме дека ја стекнуваме вашата доверба. За една година објавивме околу 2.400 содржини, стекнавме околу 250.000 корисници и повеќе од 6.300 следбеници на „Фејсбук“. Тимот на Умно.мк е мал, но имавме голема помош од многу пријатели и соработници кои веруваат во повисоки цели. Ним им благодариме за поддршката, а вам за довербата. Продолжуваме понатаму.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.