Кавадаречкото село Бегниште секоја година помеѓу 13 и 14 јануари е место на автентична традиција. Клопотарци и ѕвонци, рачно изработени страшни маски и многу врева создаваат т.н. џоломари кои на тој начин симболично ги бркаат злите духови од старата година, а ја пречекуваат и повикуваат Новата година. Во изминатите два дена местото живееше со ритуалот „Џоломари“, кој во овој крај се негува со векови.
Вечерта на 13 јануари прво децата шетаат низ селото преправени. Потоа, во глува доба, возрасните џоломари се облекуваат и почнуваат со ритуалното бркање сеништа, играње паганско оро, симулирање полови акти, за бериќет и здравје во новата година. Ритуалот трае до зајдисонце на 14-ти, по што се собираат на вечера со намирниците што им ги дале селаните.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.