Двојазичната поетска збирка „Светлосна тишина“ на современата полска поетеса Калина Изабела Зјола излезе од печат неодамна, во издание на „Перун Артис“ од Битола. Калина Изабела Зјола е поетеса, писателка, книжевна критичарка, новинарка и културна аниматорка. Има објавено 20 поетски книги, меѓу кои 11 на странски јазици и една книга со книжевна критика „На мојот пат, птиците само поминуваат“ (есеи, рецензии, нацрти).
Има преведено на полски 24 книги од други автори и антологии. Нејзината поезија е препеана на над 20 јазици и објавена во многу списанија, антологии и алманаси во Полска и во странство, но исто така е застапена на телевизиски програми. Калина Изаберла Зјола учествуваше и на овогодишното изданиер на Струшките вечери на поезијата. Препевите на песните се на Томаш Миелцарек и Даниела Андоновска Трајковска.





