Дводневен семинар во Археолошкиот музеј во Скопје

Во Археолошкиот музеј во Скопје утре и задутре ќе се одржи Археолошки семинар. Во фокусот на собирот се серија предавања поврзани со тракиската култура и за последните археолошки истражувања во Бугарија.

Семинарот почнува утре во 15 часот во конференциската сала на Музејот. Претходно, од 14 часот ќе се организира посета на изложбата „Северна Тракија“ која подолго време е отворена во Скопје. На семинарот предавања ќе одржат: Калин Димитров, Даниела Стојанова и Никола Тонсков. Задутре од 10 часот предавања ќе одржат: Христо Попов, Милена Тонкова и Људмил Вагалински.

Сподели