Филмот на Столевски ќе биде прикажан вечерва и утревечер во Кинотеката, со почеток во 20.30 часот
Филмот „Домаќинство за почетници” по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на „Лист продукција“, освои две награди „Златна арена“ на Филмскиот фестивал во Пула, што беше затворен синоќа.
Горан Столевски
„Домаќинство за почетници” беше дел од натпреварувачката програмата за малцински копродукции и ја освои „Златната арена“ за најдобра хрватска малцинска копродукција, а хрватскиот актер Владимир Тинтор ја доби наградата за најдобра споредна машка улога за своето остварување во филмот.
„Домаќинство за почетници” е финансиски поддржан од македонската Агенција за филм, како и од Хрватскиот аудиовизуелен центар, чија поддршка е реализирана преку хрватски копродуцент „Кинорама“ од Загреб.
Владимир Тинтор
„Домаќинство за почетници“ веќе има освоено десетина награди, а е прикажан на повеќе од 70 фестивали ширум светот. Дистрибуриан е во кината во Америка, Австралија, Холандија, Хрватска, Полска и Македонија.
Светската премиера на „Домаќинство за почетници” се одржа во 2023 година на филмскиот фестивал во Венеција, а македонската беше на отворањето на Интернационалниот фестивал на филмската камера, „Браќа Манаки“ во Битола. Филмот беше избран за македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ за 2023 година, а беше дел и од селекцијата за Европските филмски награди, каде доби една номинација.
Повеќе за сите награди на фестивалот, на следниот ЛИНК.