Филмот „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексoв доби две награди на фестивалот WorldFest-Houston во Тексас, САД. Долгометражниот првенец на Алексов освои две награди за најдобар странски игран филм и за специјални ефекти во шминка (за Горан Игњатовски и Валентин Валов).
-Неверојатно сме почестени, понизни и благодарни на овие две „Златни Реми“ награди. Моето време во Тексас беше едноставно длабоко и инспиративно, најмалку што можам да кажам, беше вистинска бајка. Ова признание значи многу за нашата екипа и актерите кои ги вложија своите срца и души во создавањето на оваа приказна. Им благодариме на сите кои продолжуваат да нѐ поддржуваат на ова неверојатно патување – вели Алексиев.





