Балетската претстава во два чина „Доктор Офболи“ ќе биде изведена на 31 јануари во два термина – 17 часот и 19 часот на сцената на Националната опера и балет во Скопје. Претставата е во кореографија на Михаил Крапивин од Русија, а музиката – на Игор Морозов, а според сказната на Корнелиј Чуковски.
Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на НОБ. Сценографијата е на Живојин Трајановиќ, а костимографијата – на Марија Пупучевска.





