Два бронзени медала освои македонскиот тим Меѓународната олимпијада по економија што се одржа во Баку, Азербејџан. Бронзени медали освоија Христијан Захарчев и Миша Веселински. Во тимот беа и Сара Тошевска и Теа Ангелова кои успешно ја претставија Македонија на престижниот натпревар.
Водичи на тимот беа проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска и Стево Ѓоргиев, докторанд на Институтот по математика на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Тие членуваат во Сојузот на математичарите на Македонија, научно здружение што ги организира учествата на македонските тимови на меѓународните олимпијади.





