Со два бронзени медали и една пофалница се закити македонската репрезентација на 28. Јуниорска балканска математичка олимпијада што се одржа во Анталија, Турција. Никола Стојковски и Андреј Тасиќ освоија бронзен медал, а со пофалница се закити Теа Ангелова, известуваат од Сојузот на математичарите на Македонија.

На ЈБМО 2024 Македонија ја претставуваа и Дијар Адеми, Филип Калкашлиев и Калина Грашкоска. Водач на тимот е Петар Филиповски, а заменик водач Христина Митреска.
На балканијада годинава, две од задачите беа македонски предлог – задача 1 во авторство на Петар Филиповски, а задача 4 (најпрестижната) во авторство на Илија Јовчески, велат од СММ.





