Два државни рекорда поставија македонските атлетичари во женска и машка категорија и воедно победија на 17. издание на Скопскиот маратон. Дарио Ивановски ја истрча рутата од 42,195 километри за 2:21:27 часа, а Андријана Поп Арсова – за 2:40:36 часа. Второто и третото место во машка категорија го освоија Младен Стевановиќ од Босна и Херцеговина и Давид Перлич од Германија, а во женска – Силвија Јукаила од Еквадор и Билјана Кираџиева.

Скопскиот маратон и годинава инспирираше стотици луѓе – некои се натпреваруваа со другите, повеќето со себеси. Едни трчаа кратки релации, други подолги, секој со свој мотив – да помогнат некому, да го свртат вниманието на луѓе со болести, со попречености, да покажат дека годините не се пречка за спортување. Со насмевка или грч на лицето за време на трката, сите влегуваа на целта со кренати раце и чувство на победа.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.