Душан Ристовски, кој со својот телефон создава уметнички дела, вечерва изложува во Кинотека

Поставката MobilePhoneArt во Кинотеката, што ќе биде отворена вечерва во 20 часот, ја гледам како генерална проба, бидејки истата ќе продолжи во Белград, Нови САД, Загреб, Љубљана… – вели уметникот Душан Ристовски. Пионерот на уметноста создадена со мобилен вечерва во 20 часот во Кинотеката ќе се претстави со изложба и со перформанс. Авторот нагласува дека публиката може да влезе во објектот до 20 часот, а потоа вратите ќе бидат затворени, заради важноста на идејата.

Ќе бидат изложени 30 дела. Преку скенирање на QR код, на влез на изложбата, а и истиот е и на постерот од изложбата, се презема каталог во форма на пдф.

– Со клик на посакуваното дело, ве води до линк за продажба. Понудена е продажба на лимитирана едиција од само 20 дигитални принтови на капафокс-урамени, од сите 30 дела. Исто така понудена е и продажба на NFTs (non fungible tochens) од истите дела, на www.opensea.io

– Отсекогаш сум бил уметнички настроен, цртам, свирам, пишувам, но конечно се најдов себе, т.е најлесно можам да творам на мобилен. Некогаш и мобилна фотографија, но мојот израз е MobilePhoneArt – создавам уметнички дела од тоа што ќе сликам со мобилен – вели тој.

Душан учествува на многу фестивали за оваа намена. Тоа се арт фестивалии на кои се застапени сите можни Арт форми, од масла на платно, акварели, графики, дигитални принтови, скулптури. За жал, се уште сум единствен како MobilePhoneArt, дури нема и мобилна фотографија. Мислам на готови испечатени и изложени дела.

– Затоа галеријата „Гауди“ од Мадрид, која ме застапува, во 2017 година, по кратко истражување ме озваничи A Pioneer of Mobile Phone Art, since 2017.

За себе вели:
– Секојдневно работам 3-4 часа… Пуштам музика и влегувам во себе… И да, постојано следам, читам истражувам, се надградувам, за да можам да напредувам во изразот.