Претставата „Дрво низ времето“ на „Колектив Ветерница“, ќе биде изведена денеска во 16 часот на сцената на Младинскиот културен центар во Скопје. Претставата е во рамките на Млад отворен театар.
Станува збор за заеднички проект на „Ветерница“ и „Трисомија 21“ – Скопје во која ќе ги видиме и членовите на инклузивниот ансамбл, кои работат заедно во последните четири години на создавање оригинални авторски дела, овој пат во продукција на Институтот за истражување и изведувачки уметности од Марибор.
Преку невербален театарски израз и препознатливата естетика на физичката интерпретација на „Колективот Ветерница“, инклузивниот ансамбл во соработка со „Трисомија 21“ ја раскажува приказна за човекот, кој ја разграбува природата, водејќи се себеси кон самоуништување. Истражувајќи го процесот на премин на фазите „од преживување до изживување“, увидот дека врската со природата е нераскинлива, го откинува и последниот крик за сознание кој тлее длабоко во сите нас од кои зависи нејзината иднина.

Играат: Маша Блажева, Кристина Петровска, Ана Јовановска, Ена Ковачевска, Ивана Полизовски, Мартин Манчевски, Матеј Петровски, Нана Танеска, Ена Митревска, Филип Ангеловски, Елизабета Петковска, Стефан Трпковски, Оливер Блажевски, Матеј Аларов, Коста Аризанов, Јоана Ристеска, Ивана Нелковска, Милош Стојановиќ, Марија Бејкова, Билјана Димитрова, Билјана Митева, Марио Мицковски
Концепт и режија: Ивана Нелковска, Марија Бејкова, Билјана Димитрова и Билјана Митева. Музиката е на Јоана Ристеска, костимографијата – на Ангела Бикова, а
сценографијата – на „Колектив Ветерница“, заедно со Тома Димовски и Велимир Жерновски.
На сцената „25 Мај“ во МКЦ од 20 часот ќе следува изведбата на „Нерон“ од Христо Христов, во режија на Ѓорѓи Ризески. Претставата е невообичаено автентична на времето во кое се случува, но со истата универзална порака што ја пренесува низ вековите. Човекот најмногу страда поради отсуството на љубов, онаа љубов што ја носи во самиот себе.

Ова е претстава за сите души кои вистински се стремат да го разберат најзначајниот проблем на човештвото и како да го натераат да престане да се повторува. Ова е претстава за „Владетелот“, кој е одраз на народот, но за луѓето што се одраз на владетелот.
Играат: Марко Трајковиќ и Нина Деан. Музиката е на Алмир Бајрамовски, кореографијата – на Нина Деан, костимографија – Кети Пауновска Стевковска. Ангажирани се аниматорот Емил Пачовски, ликовнио уметник Андријана Тасевска , а продуцент е Марко Трајковиќ.





