На вториот ден на книжевниот фестивал „Друга приказна“ во 18 часот во Пионерскиот дом „Карпош“ е закажана промоција на новата едиција сликовници „Старо купувам“ на издавачот „Темплум“. Сликовницата „Страшна ноќ“ од Славко Јаневски и Наташа Андонова ќе биде прикажана како камишибаи претстава.

Еден час подоцна следува програмата „Три Темплум видеосликовници“, во која ќе бидат прикажани „Мојот чадор може да е и балон“, „Морис“ и „Мачки и глувци наопачки“.

На тема илустрацијата во Македонија во 17.30 часот ќе разговараат: Инес Ефремова, Софија Семенпеева-Трајановска, Ладислав Цветковски, Никола Гелевски.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.