Дражен, Крејвен ловецот и Господарот на прстените: Војната на Рохирим во „Синеплекс“

Три кинопремиери се закажани на репертоарот на „Синеплекс“ за 12 декември. Станува збор за: „Дражен“, „Крејвен ловецот“ и „Господарот на прстените: Војната на Рохирим“.
„Дражен“ е инспиративна приказна за легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ.

Прославениот хрватски Моцарт на кошаркаата – Дражен Петровиќ, го истакнува неговиот личен живот и уникатен карактер нагласувајќи ја неговата длабока, сложена врска со кошарката – и неговата најголема страст, но и неговото проклетство. Дражен никогаш нема да се заборави.

„Крејвен ловецот“ е акција и адреналин во новата Марвел-авантура.
Комплексната врска на Крејвен со неговиот безмилосен татко, го води по патека на одмазда со брутални последици, мотивирајќи го да стане не само најголемиот ловец на светот, туку и еден од најстрашните.

„Господарот на прстените: Војната на Рохирим“ – Епска анимација која ве враќа во Средоземје.

„Војната на Рохирим“ ја раскажува приказната за Хелм Хамерхенд, легендарниот крал на Рохан, и неговото семејство додека го бранат своето кралство од армија од Данлендинг.

Сподели