Во Драчево започна со работа петтото кино „Киноверзум“, односно второ во Општина Кисела Вода. Настанот беше отворен со филмот „Приказната за Силјан“, а на проекцијата присуствуваа и режисерката Тамара Котевска и продуцентот Јорданчо Петковски.

На присутнтие им се обратија градоначалничката Бети Стаменковска Трајковска, во присуство на вицепремиерот Љупчо Димовски и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Киноверзум“ започна со работа во 2019 година како дел од Меѓународен славјански универзитет, кој стои зад иницијативи што создаваат културна вредност и интелектуална средина за младите генерации.





