Донирајте! Да им помогнеме на златните деца да освојат медали за Македонија!

Донации за авиобилети и котизации се потребни за 28 талентирани средношколци од Македонија да стигнат до светските олимпијади по биологија, математика, хемија и физика во Астана во Казахстан, Бат во Англија, Хонг Конг во Кина, Ријад во Саудиска Арабија, Исфахан во Иран и Кутаиси во Грузија.

Ова се најсјајните ученици во овие области во Македонија и научните здруженија што го организираат нивното претставување на секоја од олимпијадите. Ако институциите не им помогнат, тие сами ќе треба да го платат авиопревозот до далечните земји. Да им помогнеме да стигнат на местото што го заслужуваат.

На 56. Меѓународна олимпијада по хемија од 21 до 30 јули 2024 година во Ријад, Саудиска Арабија, Македонија ќе ја претстават учениците:
– Петар Мирчевски, трета година, СОУ „Мирче Ацев“, Прилеп
– Марио Ванчоски, трета година, СОУ „Славчо Стојменски“, Штип
– Иван Костевски, трета година, СОУ „Славчо Стојменски“, Штип
– Елена Живаљевиќ, трета година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
– Ментори:
– Проф. д-р Миха Буклески, Институт за хемија, ПМФ, Скопје
– Проф. д-р Марина Стефова, Институт за хемија, ПМФ, Скопје

Потребни средства: 445.160 денари.
– авионски карти: 275.160 ден.
– котизација: 59.000 ден.
– визи за Саудиска Арабија: 52.700 ден.
– лабораториски материјал за довршување на подготовките: 58.300 ден.

Денарска сметка:

Можност за директна уплата со картичка:
Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
Адреса: Архимедова 5, 1000 Скопје, Институт за хемија
Трансакциска сметка (денарска): 300000001352895
Банка: Комерцијална банка АД Скопје
Даночен број (ЕДБ): 4030954350704
Матичен број на здружението: 4105214

Девизна сметка:

Можност за директна уплата со картичка:
Company name: SHTM SKOPJE
Address: Arhimedova 5, Skopje
Acc. No.: 0270100104927
IBAN: MK07300701001049216
BENEFICIARY’S BANK: Komercijalna banka AD Skopje
Ul. Vasil Iljoski br. 3, 1000 Skopje, N. Macedonia
BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X

На 8. Европска олимпијада по физика која ќе се одржи од 15 до 19 јули 2024 во Кутаиси, Грузија, Македонија ќе ја претстават:
– Јан Стојановски – четврта година – ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје.
– Дамјан Стојанов– трета година – ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје.
– Емилија Николовска – четврта година – Математичко – информатичка гимназија, Скопје
– Димитриј Анѓеловски – четврта година – СУГС „Јосип Броз Тито“ Скопје
– Матеј Гелев – четврта година – ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје.
Ментори:
– Проф. д-р Ирина Петреска од Институтот за физика при ПМФ во Скопје, член на ДФРМ
– Асс. м-р Христијан Кочанковски од Институтот за физика при ПМФ во Скопје, член на ДФРМ.

Потребни средства:
– 1.850 евра за котизација.
– 4.200 евра за авиобилети.

На 54. Меѓународна олимпијада по физика која ќе се одржи од 21 до 29 јули 2024 во Исфахан, Иран, Македонија ќе ја претстават:
– Јан Стојановски – четврта година – ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје.
– Андреј Стојановски – трета година – ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје.
– Емилија Николовска – четврта година – Математичко – информатичка гимназија, Скопје.
– Матеа Митревска – трета година – ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје.
– Дамјан Стојанов – трета година – ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје.
Ментори:
-Проф. д-р Ламбе Барандовски од Институтот за физика при ПМФ во Скопје, претседател на ДФРМ.
– Војо Митревски, апсолвент на Институтот за физика при ПМФ во Скопје.

Потребни средства:
– 3.500 евра за котизација.
– 5.950 евра за авиобилети.

Можност за директна уплата со картичка:
Денарска сметка:
Друштво на физичарите на Република Македонија
Архимедова 3, 1000 Скопје
Жиро сметка: 300000001043853, Комерцијална банка А.Д. Скопје
ЕДБ 043006100363

Девизна сметка:

Можност за директна уплата со картичка:
BENEFICIARY:
Company name: FIZICHARITE NA REPUBLIKA MAKEDONIJA SKOPJE
Address: UL. 162 BR. BB/PMF-FAH. 162 SKOPJE
Acc. No. : 0270100109759
IBAN: MK07300701001097522
BENEFICIARY’S BANK: Komercijalna banka AD Skopje
Ul. Vasil Iljoski br. 3, 1000 Skopje, Macedonia
BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X

На 35. Меѓународна олимпијада по биологија што ќе се одржи во Астана, Казахстан од 7 до 14 јули 2024 година, Македонија ќе ја претстават:
– Тамара Лазаровска, трета година во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје
– Сара Абдулаху, четврта година во ПСУ „Алгоритам Центар“ – Скопје
– Теона Ана Георгиевска, втора година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
– Натали Кировска, трета година во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје
Ментори:
– Доц.д-р Даниела Јовановска, Институт за биологија
– Асис. м-р Елена Рафаиловска, Институт за биологија

Потребни средства:
– 3.000 долари за котизација.
– 304.800 денари за авиобилети.
– 22.650 денари за визи.
– патничко осигурување за шестмина.

Денарска сметка:

Можност за директна уплата со картичка:
Македонско биолошко друштво
Ул. Архимедова, бр.3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
Жиро сметка: 300000001912294
Даночен број: 4030003512453
Банка: Комерцијална банка

Девизна сметка:

Можност за директна уплата со картичка:
Company name: MAKEDONSKO BIOLOSHKO DRUSHTVO SKOPJE
Address: UL.ARHIMEDOVA BR.3 SKOPJE
Acc. No. : 0270100340647
IBAN: MK07300701003406413
Komercijalna banka AD Skopje
Ul. Vasil Iljoski br. 3, 1000 Skopje, Macedonia
BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X

На 65. Интернационалната математичка олимпијада во Англија која се одржува од 11 до 22 јули во Бат, Македонија ќе ја претстват учениците:
– Дамјан Давков – втора година – Математичко – информатичка гимназија, Скопје.
– Алексиј Тасиќ – ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
– Никола Цветаноски – ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
– Леонид Тодороски – ПСУ „Јахја Кемал“ – Струга
– Бранко Јангеловски – ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
– Ивано Божиновски – Математичко – информатичка гимназија, Скопје.
Ментори:
– Илија Јовчески – Институтот за математика при ПМФ.
– Мирко Петрушевски – Машински факултет Скопје.

Потребни средства:
– 220.000 денари за авиобилети.
– 2.000 евра за визи.

На 7. Меѓународна економска олимпијада, која ќе се одржи во Хонг Конг од 22 до 31 јули, Македонија ќе ја претстават:
– Миша Веселински – ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
– Сара Тошевска – Математичко – информатичка гимназија, Скопје.
– Никола Бојчев – Математичко – информатичка гимназија, Скопје.
– Јован Оџаков – СОУ „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија.
Ментори:
– Проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска Институтот за математика при ПМФ.
– М-р Стево Ѓоргиев од Институтот за математика при ПМФ.

Потребни средства:
– 10.800 евра за авионски билети и сместување.

Можност за директна уплата со картичка:
Денарска сметка:
Сојуз на математичарите на Македонија
Ул. Архимедова бр. 3, Скопје,
Жиро сметка: 300000001276071
ЕДБ: 4030991121596, депонент на Комерцијална банка АД

Можност за директна уплата со картичка:
Девизна сметка:
Company name: Sojuz na matematichari na Мakedonija Skopje
Address: Ul. Arhimedova br 3 Skopje
Acc. No. : 0270100300114
IBAN: MK07300701003001147
BENEFICIARY’S BANK:
Komercijalna banka AD Skopje
Ul. Orce Nikolov br.3, 1000 Skopje, Macedonia
BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X

Министерството за образование и наука не може да помогне зашто според Законот за средно образование не може финансиски да ги плати патните трошоци. МОН вчера попладне повтори дека се запознаени со ситуацијата во која се наоѓаат учениците од Македонија и нивните наставници ментори, кои се квалификуваа за учество на меѓународни научни олимпијади, а за жал, не добиле никаква финансиска поддршка од државата.
– Под ново раководство, институцијата веќе работи на подготовка на системско решение со кое овој предизвик во иднина нема да го почувствува ниту еден друг ученик, а се трудиме да најдеме и интервентно решение за да им се помогне на овие млади таленти да го реализираат годинешното учество во натпреварувањата. Во фаза на подготовка е нов закон за средно образование во кој ќе бидат предвидени одредби за надомест на патни и трошоци за котизација за учество на меѓународни научни олимпијади. Многу скоро, предлог законот ќе биде проследен до Владата, а оттаму и до Собранието, каде очекуваме поддршка од сите пратеници, вклучително и пратениците на политичката партија која денеска го прозва министерството – велат од МОН.

Поради изборите и системските трансформации во изминатите мецеси, учениците и водачите нема да ја добијат и досегашната поддршка од Агенцијата за млади и спорт која им рефундираше дел од парите по завршувањето на натпреварите. Годинава изостана и поддршката од ТИРЗ која лани ги купи авиобилетите за младите математичари и физичари да стигнат до Јапонија. Неколку компании веќе се согласиле да ја спонзорираат Математичката економска олипмијата што се одржува во Хонг Конг: ВФП фондови, Diners Club, Македонија осигурување А.Д. Скопје – Виена Иншуренс Груп и од Школата за млади математичари „Диофант“ од Ваљево.

Сподели