Документарецот „Брод со бисери“ на Александар Зиков на првиот ден на „Златна рамка“

Свечено собрание на Друштвото на филмските работници на Македонија што ќе се одржи во 10 часот во Кинотеката, ќе биде првата содржина на 4. издание на манифестацијата „Златна рамка“. Во 14 часот е закажана работилница МЕДИА – Од идеја до успешен МЕДИА проект, што ќе се одржи во Europe House Скопје.

Во 19 часот е закажана документарна програма во киното „Фросина“. Ќе биде прикажан филмот „Брод со бисери“ во режија на Александар Зиков, на ДЕА филмска продукција. Свеченото отворање ќе следува во 20 часот во хотелот „Александар Палас“.

„Златна рамка“ е годишна ревија на македонските филмови произведени во минатата календарска година.
Настанот ќе трае четири дена и ќе бидат прикажани филмови, поделени на документарна, краткометражна и долгометражна програма. Ова е единствена можност публиката и критиката да ги погледнат сите наши филмови на едно место. Иницијатор и организатор на „Златна рамка“ е Друштвото на филмските работници на Македонија. Ќе бидат организирани и трибини и работилници наменети за филмски уметници.

Повеќе за програмата на следниот ЛИНК.

Насловна фотографија: Сцена од филмот „Брод со бисери“

Сподели