Документарци од „Македокс“ во „Котур“

Проекции на два документарни филма од последното издание на „Македокс“ ќе се одржат вечерва и утревечер од 19.30 часот во „Котур“ во Скопје. Првиот е од програмата на нови автори, а вториот од главната програма и добитник на главната награда „Кромид“ на 14. издание на „Македокс“. Влезот на проекциите е бесплатен.

Вечерва ќе биде прикажан „Снајка: Дневник на очекувања“ во режија на Теа Видовиќ Далипи.

Секоја врска подразбира спој на двајца луѓе со различни економски, социјални или религиозни идентитети наследени од семејството. Љубовта, бракот и родителството на Теа, која е Хрватка и Мирсад, кој е Ром, наликуваат на невозможна мисија поради остриот контраст помеѓу системот на вредности и обичаи што ги имаат нивните семејства. Обидувајќи се да го урамнотежат товарот од крутите обичаи, од една страна и финансиските притисоци, од друга страна, Мирсад и Теа се на раб да ги разочараат своите најблиски. Притоа, тие ризикуваат и да ги загрозат сопствена

Утревечер ќе биде прикажан „Помеѓу револуциите“ во режија на Влад Петри.

Зара и Марија се спријателуваат на универзитет во Букурешт, во 1970-тите. Но, во Иран има сè поголеми политички превирања и Зара мора да се врати дома. Како што тече декадата, тие ја одржуваат врската низ низа писма каде што ги запишуваат своите напори како жени што се борат за глас, но и како нивните земји, се движат во различни насоки. Покрај далечината и пречките, нивниот копнеж една за друга останува силен.

Проекциите се поддржани од Националната фондација за демократија од Вашингтон – NED.

Сподели