Доделување на новинарските награди „Никола Младенов 2024“

Во барот „Интермецо“ во Скопје денеска во 12 часот ќе бидат доделени новинарските награди „Никола Младенов 2024“ што ги доделува Македонскиот институт за медиуми. Ќе бидат доделени наградите за најдобра истражувачка сторија, новинарски производ и за најдобра репортерска фотографија.

Конкурсот беше објавен на од 22 јануари до 17 февруари. Пристигнале 36 стории обработени во 185 текстови/видео прилози во категоријата најдобра истражувачка сторија; 5 теми обработени во 12 текстови/видео прилози во категоријата најиновативен новинарски производ и 16 фотографии во категоријата најдобра репортерска фотографија;

Наградите за најдобра истражувачка сторија МИМ ги доделува традиционално од 2001 година, а од 2013 година наградата го носи името на угледниот новинар и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов.

Сподели