Втората панел-дискусија, со наслов „Добриот наставник прво е пријател, па потоа учител – Магијата на ‘Добро утро, деца’“, што ја организира Министерството за образование и наука, ќе се одржи во Прилеп утре во 11 часот во кино „Мис Стон“ во рамките на Домот на културата „Марко Цепенков“. ПрвиотПо првиот панел во Скопје, одржан на 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, Министерството за образование и наука продолжува со активностите во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“, која ја нагласува клучната улога на наставниците во образовниот процес и нивното влијание врз развојот на учениците.
Во дискусијата ќе учествуваат министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, проф. д-р Данче Сивакова Нешковски, декан на Педагошкиот факултет во Битола, како и наставници и стручни лица од основните и средните училишта во Прилеп, а свои искуства ќе споделат и родители.
Преку ваквите настани, МОН ја продолжува мисијата за истакнување на клучната улога на наставниците во обликувањето на иднината на децата и градењето знаење што трае. Истовремено, ја промовира магијата што се случува во училниците, каде што знаењето се пренесува низ заемна доверба, разбирање и поддршка – затоа што магијата е токму во тоа.





