До утре е отворен повикот за наградата „Млад инженер на годината“

До утре е отворен повикот за пријавување на инженери за избор за наградата „Млад инженер на годината“, информира Инженерската институција на Македонија. Повикот е отворен за сите млади инженери до 35 години (вклучувајќи и 35 години). Добитникот на наградата ќе се избира во согласност со постигнатите инженерски резултати во 2025 година, лидерството и инспирацијата за младите, креативноста и иновативноста, споделувањето знаење, ангажирањето во заедницата и општествено и етичкото влијание на околината.

Прогласувањето на новиот млад инженер ќе се одржи на 31 март. Лански добитник на наградата Филип Попоски од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

Сите заинтересирани за наградата може да се пријават на линкот.

Сподели