До 31 август јавна консултација за програмите во 7, 8 и 9 одделение

До 31 август ќе трае јавната консултација за подобрување на квалитетот на основното образование, соопшти Министерството за образование и наука. Секој граѓанин може да учествува со свои сугестии и предлог решенија за евентуални промени во нацрт-наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение кои се веќе изработени од стручни тимови, составени од советници од Бирото за развој на образованието, универзитетски професори и наставници од основните училишта.

– Целта е засегнатите страни, особено наставниците, да имаат можност да се запознаат со наставните програми и доколку имаат сугестии и предлог-решенија за евентуални промени во нацрт наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение, да дадат свое аргументирано мислење за нивно подобрување – велат од МОН.

Владата ја одложи имплементацијата на Концепцијата за основно образование во седмо, осмо и деветто одделение за учебната 2024/25 година поради реакциите во јавноста, особено за интегрирањето на одделни наставни предмети, што предизвика отежнување во организацијата и реализацијата на наставата.

– Промените кои следат ќе бидат креирани преку поширок консензус и почитување на мислењето на наставниците. Очекуваме дека сите заинтересирани ќе се вклучат во јавната консултација и ќе дадат придонес во подобрување на квалитетот на наставните програми, а со тоа и на целокупниот наставен процес во основното образование – велат од МОН.

Министерството веќе соопшти дека новите наставни програми ќе се воведуваат етапно, од учебната 2025/26 година во седмо одделение, 2026/27 година во осмо одделение и во 2027/28 година во деветто одделение.

Нацрт наставните програми може да се симнат од линкот. Забелешките/сугестиите и предлог решенијата за секоја одделна наставна програма се внесуваат во формулар на што ќе го најдете на линкот и да се достави на соодветната електронската адреса:
[email protected][email protected] или [email protected].

Сподели