Друштвото на ликовни уметници на Македонија објави конкурс за пријавување дела за биеналната изложба „Зимски салон“. Повикот е наменет за членовите на уметничката асоцијација. Куратор на 19. биенална изложба е Анка Боериу, професорка на Националниот Универзитет за уметности во Букурешт. Темата на изложбата е „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“.

Селекцијата на делата ќе ги прави кураторот, како и доделувањето на наградата Гран при – престој во ателјето Cite Internationale Des Arts во Париз која што ја спонзорира Министерството за култура.

Изложбата ќе биде отворена на 9 февруари, во Чифте амам при Националнта галерија на Македонија. Делата треба да бидат доставени до ДЛУМ од 26 до 28 јануари, заедно со пополнет формулар за учество и копија од уплатница за платена членарина.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.