Дузина стихозбирки кандидати за наградата „Антево перо“

Вкупно 12 поетски збирки се селектирани во поширокиот избор за наградата „Антево перо“ што ја доделува Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски. На конкурсот за шестото доделување на наградата пристигнале 73 поетски збирки од автори од Македонија, Италија и од Австралија. Селекцијата ја направи жирито во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови).

Во конкуренција за наградата се стихозбирките: Шифра: Magna Mater – „(Ре)инкарнација“, Александар Русјаков – „50 испеани приказни“, Ирена Павлова де Одорико – „Царски рез“, Елизабета Дончевска Лушин – „(не)ПРИПИТОМЕНА“, Коста Бојчески – „До дното“, Љубинка Донева – „Монолог на пирејот“, Милена Сиљаноска – „Болопадание“, Кирил Ангелов – „сновиденија“, Александра Спасеска – „Координати на болката“, Стела (Маја) Босилковска – „Невидлива е војната“, Томе Липовски – „А што да речам“ и Ѓорги Калајџиев – „Петна“.

Во поширок избор за наградата „Антев часовник“, која се доделува на млад автор за поетско творештво на македонски јазик со забележителни поетски квалитети, комисијата издвои 5 збирки поезија и тоа: Матеја Талеска – „Улица на соништата“, Ана Ѓорчевска – „Копнеж по тебе“, Емануела Ковачевска-Китановска – „Второ детство“, Светла Јакшиќ – „Ноќен суфлер“ и Александра Атанасова – „Душебол“.

Сподели