Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија ќе се одржи денес со почеток во 11 часот, а прв пат ќе го диригира Јаник Незе-Сеген. Незе-Сеген има добиено пет „Греми“ и многу други важни награди, над 2000 настапи, значајни снимки. Музички директор е на „Метрополитен“ во Њујорк во последните шест години, исто и на Оркестарот на Филаделфија и главен диригент на Оркестарот Метрополитен од Монтреал, а беше главен диригент и на Ротердамската филхармонија, итн…
На презимето го додава Незе од неговата мајка која, заедно со неговиот татко се универзитетски професори, а исто така е и истакнат пијанист. Познат е по неговиот неконвенционален стил на сцена, не само заради изгледот (веројатно е единствен што диригира со лакирани нокти, шарени кошули и чевли со црвен ѓон на Кристијан Лубутен), туку секое класично дело во негови раце е полно со иновативност.





