Дина Дума ја доби наградата за најдобра режија на „Фест“ во Белград

Дина Дума за филмот „Сестри“ ја освои наградата за најдобра режија на 50. Интернационален филмски фестивал „Фест“ во Белград. Според жирито, наградата и е доделена за „лидерските вештини и работењето со млади актери и фантастично раскажување приказна. Филмот успеа да раскаже приказна за многу важна општествена тема на нашето време и да иницира дијалог.“

Младата режисерка по добивањето на наградата изјави дека е посебно среќна што стои пред публиката на „Фест“, зашто нејзиниот филм е токму „зачнат“ во Белград, на овој фестивал пред четири години.

– Овој филм настана како резултат на соработката на овој фестивал во рамките на програмата FEST Forward и многу ми е мило што сум овде после четири години за да ја примам оваа награда – изјави Дума.
Филмот го оценуваше меѓународното жири со кое претседателствуваше српскиот актер Милош Биковиќ. Членови беа: Тамара Драгиќевиќ, Аргирис Пападимитропулос, Тони Гојановиќ и Ѓерѓи Радули.

Сподели