ДФРМ избира селектори на Фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола

Друштвото на филмските работници на Македонија објави конкурс за избор на селектор на главна, документарна, кратка и студентска програма на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола. Може да аплицираат членови на Друштвото и други истакнати, докажани филмски професионалци, повеќегодишни критичари, теоретичари на филмот, како домашни така и странски граѓани кои ги исполнуваат следните критериуми:

• да има високо образование;
• истакнат и докажан познавач на светски филм;
• повеќегодишно искуство и следење на светските филмски фестивали;
• познавање на најмалку еден светски јазик;
• да има објавувано критики, расправи, теории за филм;
• да има способности за комуникации, поготово со дистрибутери, директори и селектори од други фестивали;
• активно и препознатливо учество во филмската област

Селекторот на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ има мандат од две години со право на повторен избор. Пријавите задолжително треба да содржат биографија на кандидатот, докази за исполнување на предвидените критериуми и детална програма за работата на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кои треба да се достават најдоцна до 10 април на електронската адреса contact@dfrm.org.mk или во седиштето на Друштвото на ул. 8ми Март бр.4 1000 Скопје.

Сподели