Девет медали за учениците на „Јахја Кемал“ на натпревар по англиски јазик во Лондон

Учениците на „Јахја Кемал“ се вратија со девет медали од глобалното финале на Teeneagle International English Competion, што се одржа во Лондон. Учениците се вратија со 4 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали. Во период од осум дена колку што траеше натпреварот, учениците се натпреваруваа во областите: квиз на знаење, предизвик за пишување, правопис, убедливо зборување, талент шоу и краток филм.

Помеѓу натпреварите, сите учесници посетуваат ексклузивни часови за комуникација по англиски јазик.

На глобалната финална фаза учествуваа околу 400 ученици од 27 земји.

Сподели