Детски книжевен клуб во Europe House Скопје посветен на другарството и слободата

Утрешниот детски книжевен клуб со Ана Голејшка-Џикова во Europe House Скопје е посветен на другарството, нашата слобода и слободата што им ја даваме на другите. Оваа работилница е наменета за деца на возраст од 12 до 16 години, а за учество е задолжителот да се пријавите на линкот.

– Низ прекрасно напишаниот роман „Магла“ на Марта Палацези, ќе се запознаеме со Клеј, момче кое живее како валкан бандит, но кога ќе дојде циркусот во градот, тој има само една висока цел – да го ослободи волкот, последниот преостанат примерок во Обединетото Кралство.

Низ бунтовничката тема за слободата и ослободувањето, односот кон животните, но и луѓето околу нас, со тинејџерите од книжевниот клуб ќе пробаме да напишеме едно ново видување – како тие ја доживуваат личната слобода и што значи таа за нив – велат организаторите.

Романот е издаден од издавачката куќа Сказнувалка, а на македонски јазик го преведе Ирина Талевска.

Сподели