Детската комедија „Далматинко“ во Куманово

„Далматинко“, детска комедија за сите возрасти ќе биде изведена вечерва во 18 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Автор и режисер е Сашо Ристовски, сценографија е на Диди, а костумот на Далматинко го изработи Раде Василев.

– Сите деца на овој свет се исти и сите сме заедно како едно. Низ многу комични ситуации кои се случуваат во домот на Далматинко заедно со кученцето Тошко и тетка Светле, децата ќе уживаат во поучна претстава со многу хумор, музика и интеракција – велат организаторите.

Играат: Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов, Претставата е во продукцоја на Театар ХИТ од Скопје.

Сподели