Балетската претстава за деца „Петар Пан“, вечерва во 19 часот, во Националната опера и балет во Скопје ќе биде изведена во хуманитарни цели. Средствата од претставата ќе бидат донирани во Фондот за настраданите и повредените граѓани во трагичниот настан во Кочани.
Во претставата настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет. Билети можат да се набават на билетарницата на НОБ или онлајн.





