Во Детскиот културен центар „Карпош“ во Скопје денеска во 10 часот ќе биде отворена изложба на цртежи и честитки на тема „Цртам за мојата мајка“. Делата ги изработија деца од детските градинки во Скопје, а се отвора по повод 8 Март, во рамките ка креативниот настан „Играм и пеам за мојата мајка“.
– По наша покана до сите градинки, пристигнаа ликовни творби кои ги изработија децата. Од нив може да се види колку далеку одат детските чуства, креативност и фантазија и како тие си ја замислуваат својата мајка и која е нејзината улога во нивниот живот – велат од Детскиот културен центар.
За децата од градинките е организирана пригодна програма, во чии рамки ќе биде претставена дипломирана полициска службеничка вработена во СВР Скопје, која ќе им раскаже на децата дека секоја жена може да биде успешна во секоја професија.