Десетмина уметници на 38. Интернационална ликовна колонија „Дебрца“

Десетмина уметници учествуваат на 38. Интернационална ликовна колонија „Дебрца“ што се одржува во селото Белчишта, Охридско. Во чест на основоположникот на колонијата, неодамна починатиот педагог и ликовен уметник, Ѓорѓија Целески, на колонијата ќе творат Јордан Манасиески од Охрид, Ставре Димитров-Стадим, Запро Запров, Војдан Запров и Натали Николоска од Скопје, Андреј Антевски од Куманово, Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли од Монголија, Петар Бељашки и Велислава Пожгорска од Бугарија и Светлана Солодова од Русија.

Според градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, традицијата од 38 години покажуваат дека ликовната колонија е еден од највисоките културни дострели на Белчишта.

– Основоположниците на колонијата пред 40 тина години можеби и самите не биле свесни дека создале културна рожба која денес е блескаво културно наследство и уметничките дела создадени на Ликовната колонија не се само наследство на Дебрца и Македонија, туку се светско културно наследство – вели Николовски.

Уметничката колонија има фонд со повеќе од 700 уметнички дела врвни уметници од Македонија и од светот.

Сподели