Книгата „Авантурите на Космонаутко“ од авторот Денис Јанкуловски, првото прозно дело од Јанкуловски, познат во јавноста како Космонаутко. Јанкуловски ги објавува неговите приказни од ковид времето, а тие се топли, искрени, секојдневни и вистинити, полни со надеж. Јанкуловски ќе потпишува примероци од неговата книга на штандот на Прозарт медиа денеска во 13 часот, на Саемот на книгата.
D
За многумина, Јанкуловски е еден од најголемите и најискрените хуманитарци од Македонија. Како медицинско лице и граѓански активист тој е добитник на наградата „Европеец на годината“ за 2020 година, доделена од делегацијата на Европска Унија во Македонија. Добитник на наградата „Филантроп на годината“ за 2021 г., доделена од Horus Macedonia. Прогласен за амбасадор на говор против омраза од страна на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Македонија, во 2022 г. Добитник е на државната награда „Мето Јовановски“ за промоција, заштита и унапредување на човековите права, во 2022 г.
Објавувањето на „Авантурите на Космонаутко“ е поддржано од Министерството за култура.





