Денис Јанкуловски и Наташа Костовска ќе ја потпишуваат сликовницата „Другарка, Другарко и две маченца“

„Другарка, Другарко и две маченца“ е насловот на новата сликовница, дело на Денис Јанкуловски и илустрации на Наташа Костовска, во издание на „Прозарт медиа“. Авторите денеска и утре од 17 часот ќе потпишуваат од новата сликовница на штандот 123 на издавалот „Прозарт медиа“ на Скопскиот саем.

-Што се случува кога на Другарка ќе ѝ се придружат Другарко и двете мачиња, Рони и Бони? Па, одговорот е лесен:
Заедно патуваат во нови светови. Полни со љубов, разбирање и другарство. А како патуваат? Пааа – со фантазмобилот! Отворете ја сликовницата, патувајте заедно со Другарка и нејзините другари и научете нови зборови од прекрасниот јазик на Другарка – порачуваат авторите.

Сподели