Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин добитници на наградата „Мето Јовановски“

Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин се добитници на државната награда „Мето Јовановски“, што ја доделува Министерството за култура. Станува збор за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Претседател на одборот што ја доделува наградата е Уранија Пировска.

Фотографија: Драги Неделчевски

Денис Јанкуловски, познат како Космонаутко, е медицински техничар во Центарот за јавно здравје во Скопје, кој низ многу акции и настани им помага на луѓето на кои е потребна помош, особено на лицата со попречености. Ленче Здравкин е хуманитарка особено активно вклучена во бегалската криза и помагање на мигрантите што поминуваат низ Македонија. Во 2018 година таа, заедно со Омар Калеши, ја добија хуманитарната награда „Мајка Тереза“.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 10 декември во 12 часот во Собранието на Македонија.

Сподели