Демаскирање на нинџите – предавање на Институтот за етнологија и антропологија

Ретка можност да слушнете нешто за Далечниот Исток и јапонската култура од професорот Јамада Јуџи од Јапонија, кој утре и задутре ќе зборува на интересна тема и ќе се обиде да ги разјасни стереотипите за нинџите, онака како што тие се претставени на Запад. Предавањата се закажани за утре и задутре од 10 часот на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Местата за утре се пополненети, а за второто предавање може да с епријавите на мајлот: [email protected].

Организатори се Јапонската фондација и Амбасадата на Јапонија, Друштвото на македонско-јапонско пријателство и ИЕА.

Деновиве во просторијата „Росно цвеќе“ на ИЕА функционира постојано катче за размена на книги, на принципот – донеси една/земи една, отворено за сите студенти на ПМФ.

Сподели